Спорт / спорт

Бојку, Кривањева и Радески во најдобриот тим на полусезоната

Без никакви дилеми Марјан Радески е играч на есенската полусезона во нашата ПМФЛ. Напаѓачот на Струга ТЛ настапи на сите 18 средби, постигна 8 голови е втор на листата на стрелците веднаш зад Алекса Марушиќ, имаше и неколку асистенции.

Едноставно Радески блескаше во дресот на шампионот. Тој со Бесарт Ибраими беше најдобриот напаѓачки тандем во есенскиот дел, а е и најзаслужен што неговиот тим дојде до есенската круна.

Покрај него од Струга ТЛ во тимот на полусезоната се и Бесарт Кривањева и Бесмир Бојку.

ИЗВОР