Насловнавести / Вести

Анкета за CPRC: Опозиционите партии во водство, ВМРО ДПМНЕ со 8% поголема поддршка од СДСМ

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникациски и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на Парламентарните избори

На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори граѓаните со одговор:

20% од испитаниците одговориле дека би гласале за ВМРО ДПМНЕ, за СДСМ својот глас би го дале 12,2% од испитаниците, за ДУИ заедно со европскиот фронт кој го сочинуваат ДПА, како и партиите на Аријанит Хоџа и Скендер Реџепи како и крилото на Алијанасата за Албанците кое го поддржува Зијадин Села би гласале 5,9 % од испитаниците, за коалицијата „Вреди“ својот глас би го дале 6,9% од анкетираните, за Левица 2,8, додека за ЗНАМ на Максим Димитриевски својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните.

На прашањето со одговорот Не знам го дале 30,9% од анкетираните, но 18,6 % одговориле дека нема за никого да гласаат
Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 7 март 2024 година, со 1085 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба. Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ

Истата анкета ја имате достапна и на онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации . www.crpc.mk 9 март 2024