HomeLajme / ВестиQyteti / Град

VOX Struga дознава, еве што добива СДСМ Струга во локалната власт

Последните промени во локалната власт во Струга не поминаа без реакции. Се зборуваше дури и за проблеми меѓу локалните партнери, ДУИ и СДСМ, бидејќи ова последната остана без директорско место во локално ниво. Ова се сличи откако на местото на Иван Клечкароски во Комунално се именуваше Иќмет Ислами, а на местото на Јетон Шаќири во Водовод и Канализација ќе дојде Дашмир Насуфи.

За да разбереме повеќе во врска со односите меѓу СДСМ и ДУИ во Струга се обративме кај Соња Стојкоска, Претседател на Општински Комитет на СДСМ во Струга. Во телефонски разговор, таа негираше дека има недоразбирања или пак проблеми меѓу партнерите. Службен став за последните измени, вели таа за VOX Struga, ќе има во наредните денови.

Неофицијално, дознаваме дека паднал нов договор меѓу ДУИ и СДСМ во Струга. Од овој договор, СДСМ го добива директорското место во Градската Градинка, Директорот на Еко Струга (градски паркинзи), Секретар на Општина Струга и три сектори во општинската администрација, пишува VOX Struga.

Се очекува во наредните денови овие детали да се објавуваат и за пошироката јавност./voxstruga.mk/