HomeLajme / Вести

Што се случува со кружниот тек кај Мороишки Мост?!

VOX Struga неколку пати пишувал за изградбата на кружниот тек кај Мороишки Мост и за прекинувањето на истата. Поминаа повеќе од 6 месеци откога фирмата што работеше на изградбата на кружниот тек, прекина со работење.
Затоа ние, побаравме објаснување од општинската администрација, кои по неколку наши обиди, конечно ни одговорија во 5 Декември минатата година.
Според Општина Струга, фирмата која го добил тендерот за изградба на кружниот тек кај Мороишки Мост не поседувал “А – Лиценса” за работење туку само “Б – Лиценса”. Тие истотака потврдија дека заедно со Министерство за Транспорт и Врски ќе го решаваат овој проблем и дека за две недели конечно ќе може да се почне со работа.
Но како што гледате, помина повеќе од месец дена и уште ништо не е работено. Ситуацијата на терен е многу лоша, со расипан пат, отворени дупки и канали, кои освен што го отежнуват сообраќајот, ги ризикуваат и животите на граѓаните кои што секој ден поминуват на овој пат.
Наши извори тврдат дека приказната за  А и Б лиценсите не е вистинита бидејќи со тоа општината само купувал време се до доаѓање на зимски температури и потоа да имат друга приказна, тоа дека заради времето не може да се работи.
Фирмата што го има овој тендер е АД Илинден, сериозна фирма која истотака работи и во изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Замислете, има лиценса за градење на автопати а немал право да врши работи во магистрален пат!
/VOX Struga/