Denoncimi juaj / Ваша пријаваHomeLajme / Вести

Скандал / Пациентка негативна на Ковид19, пренесена меѓу заразени од овој вирус во Инфективна Клиника Скопје

VOX Struga и in7, во тек на овие денови пишуваа за пациентка која од Одделот за Интерни Болести во Струга беше пренесена со Брза Помош во Инфективна Клиника во Скопје. Во Струга се сомневале дека пациентката би можела да биде инфектирана од коронавирусот Ковид19, па не чекале да излезат резултатите, затоа одлучиле истата да ја носат во Скопје. Иако нејзината здравствена состојба била тешка, со ваквиот начин лекарите уште повеќе ја ризикувале пациентката.

Резултатот излегол НЕГАТИВЕН. Но иако изгледа како добра вест, не е баш така. Пациентката сега е сместена во Клиниката за Инфективни Болести во Скопје, каде моментално се третираат пациенти во тешка состојба и позитивни на коронавирусот Ковид19. Значи е опколена од пациенти со коронавирус.

Тоа значи дека трансферот на пациентката од Струга во Скопје, освен што ја ризикувал здравствената состојба на пациентката, била и огромна грешка на лекарите или пак на раководството на Општа Болница Струга.

“Пациентката Ѓ.К од село Лабуништа, е негативна на тестот за болесга Ковид – 19, но нејзиното влошено здравје е подложено на уште поголем ризик, бидејќи лекарите од Одделот за Интерни Болести во Струга, од непрофесионалноста и незнаењето, или пак од неспособноста на Управата на Болницата во Струга за да осигурат основни услови за третирање на пациентот во изолација додека излегуваат резултатите, одлучиле за да ја носат во Скопје. Се знае дека во Клиника се третираат случаи со тешка здравсгвена состојба и позитивни на Ковид19. Ова докажува дека одлуката на Општа Болница Струга била скандалозна, бидејќи не се земени во предвид ниту препораките од Министерство за Здравство”, велат за in7, болнички извори, пренесува voxstruga.

Сега, иако негативна, пациентката Ѓ.К мора да остане во Клиниката за Инфективни Болести во Скопје, бидејќи е опколена со пациенти позитивни на Ковид, и можноста за да биде инфектирана ако веќе не се инфектирала во Клиника, е голема.

Меѓудруго, пациентката Ѓ.К страда од хронично опструктивно белодробно заболување, дијабет, кардиомиопатија, хипертензија и дебелина. /voxstruga.mk/