HomeLajme / Вести

Пронајден малолетник со здравствени проблеми – ќе биде предаден на семејството

Известување од МВР

Во ОВР Струга синоќа во 22 часот и 10 минути е пријавено дека, пред маркет лоциран на улицата „Ристо Крле“ во Струга, затекнато е малолетно немоќно глувонемо лице.

По известување до јавен обвинител и Центар за социјални работи, лицето е згрижено, преземени се мерки и констатирано е дека се работи за 17-годишен малолетник од струмичкото село Банско.

Остварен е контакт со неговите родители од истото село и малолетникот денеска, ќе биде вратен во неговиот дом, информира портпаролот Стефан Димоски