Lajme / Вести

Откажани 1.000 свадби во Охрид и Струга

Поголемиот дел од околу 600 свадби кои ова лето требаше да се одржат само во Струга се откажани или се ставени на чекање. Плановите на сите им ги помати пандемијата од коронавирусот. Хотелиерите и рестораните веќе бројат огромни финансиски загуби. Тешко ќе биде и да се организира свадба во вакви услови на строги мерки за држење растојание, забрана за групирање и со носење на маски.
„Знаете нашите обичаи какви се, кога ќе почнат сите зетот и невестата да ги љубат за добредојде и подароци. Треба да мислиме како понатаму и како да ги менуваме тие обичаи. Со овие услови кои се дадени, сите свадби се откажани…“, изјави Крсте Блажески-хотелиер од Струга.

Хотелските работници велат дека голем дел од свадбите се презакажуваат за догодина, затоа што најголемиот дел од нив се поврзани и со доаѓањето на иселениците во родниот крај.

„…Ова е голема штета за нашите бизниси бидејќи економски како држава многу сме зависни од нашите печалбари и ако нив ги нема ова лето ќе биде тешко за нас и целата економија на Македонија.“, рече Висар Љумани, хотелски менаџер.

Од ваквата ситуација директно се засегнати и останатите бизниси. Музичарите се меѓу најпогодените од запрениот бизнис.

„Дали државата воопшто размислува на тоа? Дали има некаков план за нас? На кого ќе му пееме и свириме…?“, изјави Игор Бежаноски-претседател на здружение на музичари

Слична е ситуацијата и во Охрид каде за овој период од порано биле закажани околу 400 свадби, но веќе се откажани. Инаку, власта сè уште ги нема објавено протоколите за одржување на свадби и други свечености ако некој воопшто и се одлучи на таков чекор летово.

Откажани 1.000 свадби во Охрид и СтругаСлична е ситуацијата и во Охрид каде се закажани околу 400 свадби, но голем дел и таму се откажани.Инаку државата се уште ги нема објавено протоколите за одржување на свдби и други свечености, ако воопшто некој се одлучи на таков чекор ова лето.
Miki Trajkovski – ALSAT