Denoncimi juaj / Ваша пријаваHomeLajme / Вести

Од серијалот „Каде одат нашите пари?“ – ВМРО Струга објавува други документи за трошоците на локалната власт

Од серијалот „Каде одат нашите пари?“

Во епизодата „Гладна година 2“

Во минативе три години освен градоначалникот, кон спасување на струшкото угостителство здушно се приклучиле и администрацијата и дел од советниците од Општина Струга. Спрегата меѓу СДСМ и ДУИ, освен во практикување на власта, се гледа и во нивната галантност и гастрономска префинетост и на тој начин ефикасно го испразниле општинскиот буџет, а ги наполниле сопствените меови – некогаш, и кога не биле гладни. Тоа е дефиниција за лакомост и неизживеаност, а не грижа за некого. Грижата и егоцентризмот не се едно исто и никогаш не одат рака под рака. За жал, вие сте ова второто.
Повод за ваквиот наш став е извештајот за реализација на буџетот од минатата 2020 година, бројки од кои му се лоши на секој нормален човек. Претседателот на Советот на општината и општинската администрација, во година каква што не памети поновата историја, успеале за репрезентација да спискаат 1.708.165 ден. (27.700 еур.) и да реализираат 85,4% од планираниот буџет за таа намена. Само колку за потсетување, сево ова се случи во година на карантинско затворање на угостителските објекти, сериозни протоколи и рестрикции, редуцирана работа на администрацијата, онлајн работа на советот, на голем број заразени и отсутни од работните места.

На крај, од средствата потошени за репрезентација за три години наназад собрани на куп, се гледа дека градоначалникот, општинската администрација и претседателот од советот изеле и испиле 8.847.496 ден (143.418 еур.). На оваа пара човек не е начисто дали да зборува за лакомост или за тежок криминал.