HomeRrethina / Околина

Обраќање на Доктор Аладин Демишоски до граѓаните на Лабуништа

Обраќање на Доктор Аладин Демишоски до граѓаните на Лабуништа

“Деновиве се соочивме со лажни информации од страна на локални портали за наши сограѓани позитивни за Covid-19. Апсурдно е еден ист портал во период од 2 дена да информира дека имаме апроксимативен број на негативни ,а утредента истиот број да се позитивни. Со податоци од сензитивен карактер се манипулира јавноста. Се играат со чувствата на народот. Вирусот зафатил развиени земји, земји во развој, како и Балканот, очекувано е бројката да расте и локално. Што не значи дека има простор за паника или страв. Ситуацијата е под контрола на одговорните власти, докторите и локалната полиција. Системот на комуникација со надлежните е константен,дневен.Во моментот во изолација се околу 100 жители во Лабуништа со полициска координација. Бројот на тестирани и позитивни во моментите изнесува 4, а се очекуваат официјални податоци за останатите 15 тестирани. Тестирањата ке продолжат и понатака. Ова е процес кој бара време и ке трае. Маратон. Но напоменуваме дека простор за паника нема. Не излегувајте без потреба, мијте раце редовно, не посетувајте здравствени институции ако нема реална потреба од истото, заштитете ги постарите дома, искористете го времето поминато дома квалитетно и во круг на фамилијата. За да не се замајува јавноста, во комуникација сме со сите доктори, до оваа фаза се очекува бројката на позитивни да достигне до 50.(Ако не излезат нови пациенти што не врзуваат со заболениве и нивни фамилии, што е можно и тогаш простор за паника нема). Полицијата ја има целосната контрола на ситуацијата. Ги следи патеките трасирани од докторите. Од сите заболени, само 2-3 % ке бидат во потешка состојба. Останатите 97 % вирусот ќе го одлежат од дома. Секој кој ќе почине деновиве ,не значи дека причината за смрт е коронавирусот. Смртта е нормален дел од животот. Имајте почит и кон заболените и нивните фамилии. Ставете се на нивно место кога пишувате се и сешто. Позитивните не секогаш се симптоматски, односно може да го имаат вирусот но да не се заболени . Вие со вашето лаичко знаење или вашето незнаење, правите страшен притисок на овие луѓе и ги ставате во премногу тешка психолошка ситуација .Стигматизацијата не помага, асимптоматските болни се во домашен карантин и не преставуваат закана за останатото население, бидејќи препораките се почитуваат,засегнатите фамилии се доста дисциплинирани, а и системот на надлежните функционира. Околу веќе починатите, ве молиме имајте почит и следете официјални податоци, доколку биле или не позитивни на вирусот, своевремено институциите ке не информираат преку Министерството за Здравство.
Воедно го користиме моментот да пратиме апел до новинарите, медиумите и порталите да внимаваат кога информираат за теми сензитивни за граѓаните , известувајте за информации кои се потврдени од страна на Институт за Јавно Здравје, Министерство за Здравство и Владата. Да помогнеме сите, се работи за заеднички проблем, да се олесни работата на сите, како институциите така и граѓаните,засегнати или не од епидемијата со која се соочуваме денес.”

Специјалист по интерна медицина
Аладин Демишоски