Denoncimi juaj / Ваша пријаваLajme / ВестиRrethina / Околина

Неколку кражби за една ноќ во Враништа

Граѓани на село Враниште, пријавија во VOX Struga дека синоќа од 2 до 4 часот после полноќ, биле украдени неколку објекти во оваа село.

Како што кажуваат жителите, украдени се 4 продавници, една куќа и еден кафич.

“Синоќа во Враништа се ограбени неколку локални продавници и куќи во центарот околу 2 до 4 часот по полноќ, баш во моето соседство без никој да запримети, освен што се слушаше само агресивно лаење на кучињата”- велат за VOX Struga жители на Враништа.

Некои од нив се сомневаат во непознати лица, дојдени од надвор од Струга.

“Случајно ги слушнав децата во маалото како разговараат дека ги нудел некој непознат човек кој се претставувал од Прилеп со сендвичи и прошетка” – кажува една загрижена жена од оваа село за VOX Struga.

За повеќе детали за овие настани ќе дочекаме службена информација од страна на МВР./voxstruga.mk/