HomeLajme / ВестиQyteti / Град

Мерко не го зема во предвид Советот, еднонасочната останува

Поминаа осум дена откако Советот на Општина Струга донесе одлука за во главната улица во влезот на градот до кај Машка Плажа, сообраќајот да се одвива на двете насоки.
Но иако до денеска оваа одлука требаше да се објави во Службен Гласник и да влезе во сила, се случи спротивното.
Само пред еден ден во овој пат се поставија нови знаци кои кажуваат дека левата страна од улицата е за паркирање на коли, пишува VOX Struga.
Градоначалникот на Струга веројатно нема да ја потпише оваа одлука на Советот и ќе продолжи со својот план за еднонасочната улица.
Одлуката на 18 советници кои го претставуваат огромното мнозинство на граѓаните не му значи ништо на Градоначалникот Мерко.
Во вакви случаи, законски кога Градоначалникот не потпишува одлука на Советот, тогаш советниците имаат право да повикуваат нова седница каде што за втор пат би ја изгласале истата одлука. Тогаш истата станува правосилна и Градоначалникот не ќе може веќе да ја блокира оваа одлука.
Како што дознава VOX Struga, некои граѓани што живеат во овој пат, почнале иницијатива за собирање потписи против планот на Мерко./VOX Struga/