Lajme / ВестиRrethina / Околина

Кривична за 21 годишно лице / Не го почитувал полицискиот час

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 21 годишно лице од струшкото село Калишта. Тој, на 16.04.2020 година во 17.30 часот, бил затекнат во близина на селото и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час издадена од надлежен орган и не ја почитувал одлуката за забрана на движење на населението во период од 16 до 05 часот.