HomeLajme / Вести

КОНЕЧНО ПОЗНАТО Еве до кога Македонија ќе се гуши во магла

Деновиве Пелагонија, Скопската котлина, Полог и други делови низ земјава се под ниски облаци и појава на густа магла. Тоа предизвикува ниска видливост на патиштата, а проблеми прави и во авио-сообраќајот.

Но до кога ќе се гушиме во магла, а притоа тоа ќе влијае и на нашето расположение?

4NEWS.mk направи стручна анализа. Утре во попладневните кон вечерните часови конечно ќе може да го погледнеме небото, ќе биде ведро, а маглата за момент ќе се повлечи.

На 4-ти во среда ќе имаме сонце речиси преку целиот ден, но нема така да се задржи. Ќе уживаме во сонце само во текот на денот, вечерта повторно ќе се спушти магла.

На 5-ти во утринските часови ќе има значително повеќе магла и тоа ќе ја покрие цела Македонија.

На 6-ти јануари појава на магла ќе има само во утрински часови, додека пак во текот на денот ќе може да уживаме во чист воздух и сонце.