HomeQyteti / ГрадRrethina / Околина

Интервју со Идри Истрефи, кандидат за Градоначалник на Струга

VOX Struga: Што ве натера Вас лично да се кандидирате за градоначалник на Општина Струга?

Идри Истрефи: Како прво, ви благодарам за можноста што ми ја дадовте да ги изразам моите ставови и оценки. Улогата на медиумите е многу важна во општество како нашето, со многу проблеми. Што се однесува на мојата кандидатура, Јас сум долги години на терен, таму каде што се проблемите и таму каде што треба да се пронајде решение. Со ова сакам да кажам дека веќе подолго време, моите лични ставови и потреби се тесно поврзани со јавните општи потреби и проблеми. Стоев настрана од медиумите, сакав и работев таму каде што имаше потреба, без присуство на камерите. Нема поголема мотивација за кандидирање кога си сведок на семејства коишто се радуваат и смеат само еден месец во годината кога им се враќаат децата, а плачат останатите единаесет месеци. Нема поголем поттик кога гледаш дека некој се збогатува преку ноќ, а сите околу остануваат сиромашни.  Нема посилна мотивација за преземање на оваа одговорност, кога гледаш пред себе еден прекрасен град како Струга како се празни во еден ден кога завршува летото и сите печалбари/имигранти си заминуваат.  Сè е исполитизирано, па дури и до запишувањето на децата во градинките. Тука ако детето не е со вистинската/потребната партија, има случаи кога детето останало надвор од градинката без да успее да се запише. Ги имаат фатено заложници луѓето со вработувањата, мислиш не била заслужна  нивната способност и право за да се вработат, туку е заслуга на партијата. Убеден сум дека дојде време Струга да дише поинаку и да им се врати на своите граѓани. Дојде време да кажеме СТОП за погрешното владеење, кражбата, манипулацијата, уцените, корупцијата, узурпацијата и пред се отуѓувањето на идентитетот на Струга како град на образованието и културата.

VOX Struga: Можете ли да ни кажете како ја замислувата функцијата градоначалник на една општина?

Идри Истрефи: Ние, за среќа, имаме тимско чувство за работа. Мислам дека самиот не би можел да го постигнам тоа што го сакам. Сам можам со мојот глас да ја сменам власта, ова да, но, само толку. Општината е озбилна и комплексна задача, затоа без мојот тим е невозможно да работам. Во Општината ќе го доведам менталитетот на слуга на народот што во реалност еден градоначалник на општина и треба да биде. Општината треба да биде услуга/помош за граѓанинот, а не да го влече со месеци и години за документации што се задолжение на општината да ги издава/прави.  Општината треба да им го олесни животот на своите граѓани, а не да го комплицира и отежни. Има толку големо недоразбирање околу оваа работа. Да се биде прогласен градоначалник се толкува како еден вид профитабилен бизнис, како што всушност беше. Тие не управувале,туку царувале. Сега е време е правото да дојде на место. Управувањето со општината е работа што ти ја доверува народот. Тоа е привилегија, бидејќи народот ти дава до знаење дека ти верува.  Но, голема одговорност е што треба добро да ја извршите работата што сте ја презеле. Доволно е да се воведе чувството на чесна работа, на радоста за да се поправи Струга, на нормалната општина а не на мафиозната. Така оваа општина повторно ќе процвета. 

VOX Struga: Како гледате на соработката со ВМРО што ќе ја имате на овие избори?

Идри Истрефи: Како една дополнителна сила. Ние сме партија која во основа сака благосостојба на луѓето и развој на просторот каде што живееме. Историјата зборува за темни дамки, но должност на секој од нас е да напише светли точки на неговите страници. Потоа, јас лично верувам во максимата дека нема добри или лоши народи, има такви луѓе. Секоја етничка група што живее во Струга го сака подеднакво градот, сака да го гледа како убав град, развиен и сигурен. Ако ги прашате каде живеат сите би одговориле: “Во Струга”. Струга е точка на соединување, на поддршка и на голем нов почеток!

VOX Struga: Дали имате некоја порака за сите тие што ќе го прочитаат ова интервју?

Идри Истрефи: Да. Првично, би сакал да го изразам моето сочуство до сите семејства кои ги изгубија нивните сакани во болницата во Тетово. Не боли душата за оваа трагедија и должност за нас коишто сме сеуште живи е да бараме ПРАВДА за нив!

Второ, сакам да им кажам на сите дека навистина Струга е падната во депресија на немаштија и злоупотреба. Но, стружаните одлучиле, без разлика на јазикот, верата, обичаите и традициите, од село, град, па дури до најдалечниот континент кадешто живеат, на 17 Oктомври да дојдат тука за да ја препородиме Струга, бидејќи Струга се Тие. Затоа што ние ќе победиме и ќе им ја вратиме Струга на стружаните.

И, конечно, сакам да го уверам секој граѓанин на Струга дека ќе бидам градоначалник на сите, и внатре и надвор од општинската зграда, во жолтата линија на градот и во неговото најоддалеченото село. Јас ќе бидам гарант за секое право што им припаѓа на стружани во однос на локалната власт.

VOX Struga: Ви благодариме Господин Идри Истрефи!

Идри Истрефи: Ми беше задоволство!