HomeLajme / Вести

“За базенот неколку работи”- се изјаснува Јован Митрески

За базенот неколку работи…За политичките противници не вреди, ама должен сум уште еднаш за сите загрижени граѓани, посебно за спортистите…Политичките противници да сакаа, да имаа желба нешто да направат, доволно беше да го легализираат бидејќи беше дивоградба, не беше заведен во катастар како објект, за да може да започне реконструкција. Ги пропуштиле сите рокови за легализација. За проект не помислиле. Намерно, зошто друг им бил планот за тој простор. За 11 години, како и за се друго направија само една голема нула. Е сега за сите граѓани, загрижени и добронамерни критизери…После сите процедури за добивање имотен лист, после изработка на проект и административни пречки за добивање на дозвола поврзано со мораториумот за градби почна работата…Изведувачот на реконструкцијата подолго време не ги извршуваше работите според склучениот договор. Според склучениот договор требеше да заврши до крајот на 2021, иако сам ветуваше дека ќе заврши до есента 2020. Според информациите што ги имам, договорот е раскинат и активирана е банкарката гаранција од околу 25.000 евра. За неизвршена работа плаќа околу 25.000 евра. Ќе има нова објава и избор на друг изведувач. Според законските процедури за 2-3 месеци треба да продолжи. На крајот едно да биде јасно. После целиот вложен труд и вклученоста на многу луѓе ова нема да застане. Тоа што сме започнале, заедно со сите, ќе го завршиме. Досега така било, така и ќе продолжи да биде!