Denoncimi juaj / Ваша пријаваHomeLajme / ВестиQyteti / Град

Дождот го посрамоти Рамиз Мерко – Јавно му ги изнесе сите нечисти работи

Поројниот дожд што започна синоќа предизвика хаос во улиците на градот Струга. Новото асфалтирање направено во последните денови во рамките на изборната кампања, очигледно е направено колку да помини редот, без никакви критериуми. Сите патишта се полни со вода, создавајќи „мини базени“ по целата должина и ова е пречка за возачите, но особено за граѓаните што пешачат. Во видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи, јасно се гледа дека ре-асфалтираниот дел од патот „Партизанска“ што минува околу плажата, е исполнет со вода од двете страни, пишува in7.

Собраната вода нема каде да тече бидејќи очигледно, фирмата што ги изведувала работите и Општина Струга, брзајќи да го завршат асфалтот пред изборите, „заборавиле“ да го направат системот за проток на вода (дренажа). Сета оваа голема инвестиција со која беа горди Рамиз Мерко и ДУИ во изминатите денови, се покажа како голем неуспех./In7.tv/