Lajme / ВестиQyteti / Град

Директорот на ФЗО-Струга: Ние сме на работа заради вас, а вие седете дома заради сите нас

Директорот на Фонд за Здравствено Осигурување во Струга, Димче Шипинкаровски, денеска изврши контроли во Јавното и Приватното Здравство. Еве што пишува Шипинкароски за денешните активности:

Согласно наредбата од Владата да вршиме дополнителни контроли денес без разлика што е Сабота бевме во контрола на Јавното и Приватното Здравство. Она што навистина морам да го потенцирам е дека од моментот на појавата на вирусот COVID 19 сите до еден здравствени работници несебично и најпрофесионално ги вршат своите професионални задачи. Посебна благодарност до целата медицинска фела и огромен РЕСПЕКТ КОН СИТЕ.