Lajme / Вести

Демант на Полицијата: Немало физичка пресметка меѓу вработени во СВР-Охрид

ДЕМАНТ

СВР –Охрид  најостро ги демантира објавените невистини во неколку интернет портали во текстови насловени ,,Полициски началник во СВР-Охрид  тргнал во физичка пресметка со портпарол на секторот“, „Инцидент во полициска станица во Охрид“ и сл. во кои се изнесени невистини во врска со работењето на СВР Охрид  за наводен физички напад од страна на полициски началник врз портпаролот.

Имено вистината е дека постоело несогласувања во однос на  известување во медиуми кое го презентирал портпаролот за одреден кривично  правен настан, за што ќе се преземат мерки во рамките на МВР, но демантираме дека имало било каков физички напад и апелираме до медиумите да се придржуваат до новинарските стандарди, а за се што е  поврзано со работењето на СВР Охрид да се обратат во секое време и ќе добијат соодветен одговор, како што тоа е пракса и во претходниот период.

Сектор за Внатрешни Работи Охрид  

Канцеларија за односи со јавност

Портпарол на СВР-Охрид Мерлина Ислами