HomeLajme / Вести

Двајца уапсени во Струга

На 14.04.2023 во 15.30 часот на магистралниот пат во близина на Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Х.Г.(39) и С.Ѓ.(38), двајцата од Охрид.

При контрола во патничко возило „опел астра“, во кое биле двајцата, било пронајдено и одземено шише со непозната течност. Притоа, било констатирано дека С.Ѓ. бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Охрид за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа во Струга за издржување на казната.

По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.