Lajme / Вести

ГОЛЕМ ГЕСТ – Аце Јоноски со вредна донација за болниците во Струга

Македонскиот интернационалец и поранешен репрезентативец Аце Јоновски продолжува со своите хуманитарни акции од Германија за родната Струга. Откако донираше опрема за училишта, денеска се приклучи и кон борбата со корона.

Аце Јоновски кој во моментов е тренер и играч во екипата на Ратинген од Германија, денеска донираше два респиратори и еден тубус за интубација наменети за двете болници во Струга : “Oпшта Болница” и “Здравствен дом” во Струга.