Lajme / Вести

Ги нападна полицајците за време на карантин во Х.Дрим / Кривична за 25 годишно лице

Известување од Полицијата во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Л.С.(25) од кумановското село Матејче. Тој, на 08.04.2020 година во 14:20 часот, во хотелот „Дрим“ во Струга, каде бил сместен во задолжителен државен карантин, излегол од собата и манифестирал недолично и агресивно однесување кон полициските службеници, кои вршеле службени дејства, и ги игнорирал нивните насоки. Со тоа, пријавениот, ги прекршил мерките за превенција и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19.