Denoncimi juaj / Ваша пријаваLajme / Вести

ВМРО Струга: Прва епизода од серијалот „Каде одат нашите пари?“

Прва епизода од серијалот „Каде одат нашите пари?“

Редно е граѓаните на Општина Струга да се информираат за тоа колку домаќински се однесува мнозинството на ДУИ и СДСМ во Советот на Општина Струга, каде и колку пари се истурени во „бунарот без дно“, што единствено нивните советници го гласаат како буџет.
Во буџетските ставки за 2018, 2019 и 2020 година, под расходи на Општина Струга (по програма Градоначалник – за расходи и репрезентација, планирани биле 9.000.000 ден., а од нив реализирани биле 4.795.091 ден. Изразено во евра тоа изнесува 77.729 еур.
Најинтересно е што лани, во време на пандемија, нашиот „градски татко“ успеал да реализира 1.686.895ден. (53.3%) од планираните средства. Заклучокот е дека или станува збор за гладна година или за бескрајно расипништво и несовесен однос кон буџетот на Општината.