Lajme / ВестиRrethina / Околина

Алијанса за Албанците: Каменоломите во Лабуништа го имаат печатот на ДУИ и потписот на неговите министри

ДУИ најмалку има право да се жали и да зборува за каменоломите во Лабуништа. На повеќе од 15 години е на власт, а на повеќето од овие години раководел со Министерство за Економија. Каменоломите во Лабуништа го имаат печатот на ДУИ и потписот на неговите министри. Затоа, добро ќе биде да ги остават оправдувањата, бидејќи никој не им верува.
Ако толку многу се секирани за здравјето на лабуништани, тогаш зошто нивнио министер, Крешник Бектеши ги држи зборот и не ги затвори каменоломите. Дојде во Лабуништа и го вети ова. Или тоа беше само за изборен ефект?!
Ако ДУИ толку многу се интересира за здравјето на жителите на Лабуништа, зошто тогаш за време на пандемија, Амбулантата за Итна Помош во селото е затворено?!
Ако ДУИ толку многу се грижи за здравјето на лабуништани, тогаш зошто не осигури едно возилп за Брза Помош, туку ова го направија гурбетџиите на Лабуништа?!
А да не зборуваме и за друга помош.
Во време на пандемија, ДУИ ја остави Лабуништа и лабуништани да доживеат вистинска драма и ги оставија во милост на судбината.

Нема повеќе да се задржиме бидејќе сметаме дека не е чесно во овие тешки времиња да се занимаваме со ниските политичи игри на ДУИ и неговите функсионери.