HomeLajme / Вести

Акција против “брзи возачи”

На 03/04.12.2022, при преземени мерки во сообраќајот, полициските службеници во Охрид затекнале четири возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Во Струга, полициските службеници затекнале и санкционирале 26 возачи на моторни возила кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената. (6 надвор од населено место, 20 во населено место).