HomeLajme / ВестиRrethina / Околина

“Се почастил себеси” – Кривична за вработениот во Дијализа

Благајник во здравствена институцијанезаконски си ја зголемувал платата.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Ч.(58) од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што, го оштетил буџетот на болницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.