Denoncimi juaj / Ваша пријаваHomeLajme / Вести

Се вратија пожарите во Струга (ВИДЕО)

Од Пожарна Струга известуваат дека несовесни граѓани ги палиле трските и ги добеле во опасност и станбените објекти во близина.

„Моментално интервенираме на опожарени трски.
Пожарот е подметнат од страна на несовесни граѓани и во опасност се доведени неколку станбени објекти.
Апелираме до населението да се воздржат од предизвикување пожари на отворено, бидејќи во спротивно пожарите би можеле да излезат од контрола и да предизвикаат голема материјална штета” – известуваат од Пожарна Струга.