HomeLajme / ВестиQyteti / ГрадRrethina / Околина

Плаќаат високи сметки за вода, а не смеат да ја пијат оти е замaтена

Водата во Струга повторно заматена. Проблемот се провлекува години наназад, при секој дожд водата од градскиот водовод е обоена. Граѓаните се жалат во време на економска криза плаќаат високи сметки за вода, а принудени се да купуваат од продавница.

„Заматена е не се пие воопшто. Во оваа криза не се излегува на крај и со купување вода, а и плаќаме фактурите се многу високи“, вели еден стружанец.

„Не ја пиеме заматена е“, додава негов сограѓанин.

„Обично водата не е добра за пиење. Не е сигурна водата многу е матна“, нагласува трет.

Првиот човек на градот вели во тек е реализација на проект со кој се врши промена на азбестните цевки и конечно ќе се надминат проблемите со водоснабдувањето.

„Со тоа ќе имаме ново, сигурно и количинско снабдување со вода на населените места. Мислам дека е и затоа велам животен проект и се надеваме дека нема да имаат проблем“, вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.

Како да се вратите 100% визија на која било возраст? Докторската тајна

Од јавното претпријатие причината ја лоцираат во тоа што при дождови доаѓа до загадување кај изворите во Шум предизвикано од електраните.

Соња Рилковска