Иселеници
Иселеници
Зад грб блиските врски,
од корените искорнати,
оди – дојди, вознемирени,
уморен, опуштени…
Поделби и граници,
мистериозни звуци,
трки, измешани традиции,
нации и верувања,
хаотичност низ вратите на светот…
Ладно во татковината,
топло во туѓината,
говорниот мајчин јазик,
настојува на зачувување на изворот
и копнежот за татковината.
Неподнослива магла,
тажни настани,
мачно за поразените,
кревки суштества.
Мајките со одмерен молк,
се преправаат дека живеат,
мудро криејќи го насобраното,
избор и еликсир нема,
иселениците преживуваат.
Џејми Hajredini-
Препев на македонски јазик,
Струга, 24 Август 2021
Билјана Спасеска