HomeLajme / ВестиSport / Спорт

Излезе “Знам за еден Град крај езеро” од Kоста Хиохи (струшки навивачки хроники)

Драги пријатели,
Со посебна радост обзнанувам дека конечно излезе од печат алфа верзијата на мојата монографија „Знам за еден град крај езеро (Струшки навивачки хроники). Истата ја токмев за своевиден паметник на спортскиот живот во градот од настанувањето на првите спортски клубови до денес , а виден и раскажан од обичниот струшки навивач. Изобилува со бројни познати и малку познати историски факти за обичните навивачи, и за оние формалните (Карчовци и Паткари), преку 45 интервјуа од навивачи од различни генерации , подржани и разубавени од бројни фотографии (професионални и аматерски)
Ја работев изминативе три години и се надевам дека ги достигнав целите кои си ги поставив на почетокот:
Да ги зачувам од заборав личните спомени на моите драги сограѓани, да го забележам успехот на можеби најуспешниот спортски град од едно време и конструктивно да ја искритикувам очајната ситуација во која се наоѓа струшкиот спорт изминативе години.
Им се заблагодарувам на сите помогатели и соработници.

Се надевам дека ќе ви се допадне, а ако не, што би рекол Грунф од Алан Форд: Подобро да издаеш книга, отколку да издадеш пријател!
Па што биде!