HomeLajme / Вести

Жена од Шпанија по барање на Интерпол е најдена во Струга

По преземени мерки, а по барање на Интерпол Шпанија, на 04.04.2022 година, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка, во хотел во Струга, ја пронајдоа К.М.Т. (39) од Шпанија. Како што пријавила таа, во Струга пристигнала преку Тирана по претходен договор со 29 годишен маж од струшко, кој неколку дена ја држел затворена во хотелска соба и ја присилувал на сексуални односи. Известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.